И Twitter продавал податоци на Cambridge Analytica

Facebook не е единствената компанија од која Cambridge Analytica собирала податоци. Компанијaта на Александр Коган во 2015 година купила податоци за корисници од Twitter, јави Telegraph.

Податоците ги потврди и портпаролот на Twitter.

„Во 2015 GSR имаше еднократен пристап до API со неорганизиран избор од јавни твитови објавени во период од 5 месеци, од декември 2014 до април 2015.

Врз база на неодамнешните извештаи, наравивме анализа и не најдовме дека имале пристап до приватните податоци на корисниците на Twitter. За разлика од некои други, Twitter по својата природа е јавен. Луѓето доаѓаат на Twitter да зборуваат јавно и јавните твитови може да ги пребараат и прочитаат сите“.

Ова не е изненадување. Продавањето на твитови е еден од начините на монетаризирање на Twitter. Сепак микроблогот одлучи да им забрани на Cambridge Analytica да закупува рекламен простор. Twitter вели дека доаѓа до конфликт на интереси и не можат да продолжат да продаваат рекламен простор на Cambridge Analytica.

Она што е поинтересно е дека Cambridge Analytica објави дека никогаш не добила податоци за корисници на Twitter од GSR. Податоци не добиле ниту од Алексанр Коган. Дополнително, од Cambridge Analytica велат дека никогаш не работеле со GSR на податоци од Twitter.

Cambridge Analytica најверојано е скандалот кој на Facebook му покажа како податоци од минатото можат да се вратат да го прогонуваат и денес. Дали истото ќе му се случи и на Twitter останува да видиме.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk