Покрај затворањето на најголемите продавници на скриениот интернет и куп апсења во повеќе држави, скриениот интернет оваа година ќе забележи продажба од над 100 милиони долари, јави Wired. Ова голема бројка доаѓа во лоша година за криминалците бидејќи некои продавници имаа сериозен проблем со измами и крадење на биткоини, додека FBI затвори стотина други. Но нелегалниот пазар се покажува како поиздржлив отколку што првично се претпоставуваше и ниедна од овие акции и незгоди не успеа да ја спречи трговијата.
„Пазарот е релативно стабилен, а продажбата е помеѓу 300.000 и 500.000 долари дневно“, вели Николас Кристин од Carnegie Mellon универзитетот. „Тоа што може да го забележиме е дека екосистемот e отпорен на овие нескани ефекти. Ова покажува дека ќе биде многу потешко да се затворат овие пазари отколку ште се сметаше.“
Она што го покажува графикот на продажба е дека без разлика што најголем дел од продавниците за наркотици се затворени по операцијата Onymous, најголем дел од продажбата се префрли на Evolution и Agora кои ја апсорбираа продажбата од затворените страни. Со оглед на тоа дека единствено станува збор за сервиси кои ги спојуваат купувачите со продавачите и вистинските продавачи никојпат не се затворени, издржливоста на пазарот можеби и не е преголемо изненадување. Тоа што е поголемо изненадување е што и покрај измами со украдени биткоини, сепак довербата во овие продавници не исчезна.