1 коментар 1 мин. читање 26 февруари, 2015

И Google го откачи Flash, сега рекламите aвтоматски се конвертираат во HTML5

Google започна со автоматска промена на Flash рекламите во HTML5 банери. Станува збор за сите рекламни банери кои ќе бидат објавени преку AdWords, AdWords Editor, но и останатите алатки. Дел од рекламите кои нема да можат да се променат, ќе останат Flash, но сепак добар дел од промената доаѓа за најголем дел од кампањите, јави The Next Web.

Според Google, скоро половина од времето онлајн се поминува на мобилните уреди, и затоа Flash претставува проблем. Flash не е поддржан од повеќето уреди и прелистувачи, но HTML5 е. Автоматското конвертирање во HTML5 ќе им помогне на огласувачите да прикажат убави и разновидни банери, вели Google.

Неодамна YouTube започна да го заменува Flash videata so HTML5 верзија, а за живот „по Flash“ се подготвува и Firefox кој го претстави Shumway, што овозможува презентирање на Flash видео на сајтови кои нема да ги заменат Flash видеата во догледно време.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top