1 коментар 2 мин. читање 23 јуни, 2008

И Бугарија побара кириличен интернет домен

Започна дебатата за користење на кирилична скрипта наместо латинична за интернет домените откако Димитри Медведев, претседателот на Русија рече дека кириличните домени се важни за зачувување на рускиот јазик. Сега и Бугарија официјално поднесе барање дo Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN) за добивање на кириличен домен .бг. Со влегување на Бугарија во ЕУ, кирилицата стана трета официјална азбука по латинската и грчката.

Најголем проблем за воведување на кирилична скрипта во имињата на домените е сличноста на буквите. Coordinative Center for TLD .RU во една своја презентација објаснува дека 8 од 33 кириличните мали знаци се исти со латинските (а, c, е, к, м, о, р, х, у), како и 12 од 33 големи букви (A, B, C, E, H, K, M, O, P, T, X, У).

Тоа значи дека ќе има тешкотија да се препознае скриптата со која доменот е напишан . На пример: доменот што го бара Русија – .ру е всушност официјален домен на Парагвај – .py само напишан на латиница.

Како додатен проблем се и тастатурите. За пишување во кирилична скрипта на латинска тастатура мора да се менува кодот со популарното „Alt + Shift“.

Ваква кампања за зачувување на кириличното писмо постои и во Македонија – „Мојата Кирилица – Го чувам своето“ во која сеуште не се разгледува прашањето за кириличен домен .мк.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Lyla Lingberg
15 years ago

Thankful recently i found this amazing web site, will make certain to save this therefore i will take a look at often.

Мени
Заедница
Изглед
To top