И Amazon под истрага за злоупотреба на доминантна позиција на пазарот

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Amazon е последната компанија која е под истрага за злоупотреба на доминантната положба на пазарот. Поради оваа позиција Федералната комисија за трговија истражува дали Apple ја злоупотребува својата положба на пазарот. Слични истраги има и за Google, Facebook, a најавена е истрага и за Apple.

Тим на Федералната комисија веќе започната да зборува со повеќе мали компании кои производите ги продаваат на Amazon. Разговорите со компаниите траат околу 90 минути и во нив се вклучени неколку обвинители и барем еден економист, пренесе Bloomberg. Засега фокус на истрагата е уделот на заработката која овие компании ја заработуваат од Amazon спореден со другите онлајн маркети. Засега е во рана фаза, но станува збор за сериозна истрага.

Првите податоци покажале дека компаниите дури 0д заработката ја добиваат продавајќи на Amazon, што ги прави ранливи на барањата на Amazon и на секакви промени во правилата за користење.

Истрагата во Amazon е дел од поголема истрага во речиси сите технички компании во САД. Оваа недела Одделот за правда започна истрага за Google, а од јули е започната истрага на Федералната комисија за трговија за Facebook. Најавени се проверки во Apple и Twitter.

Amazon е под истрага и во  Европа. Европската Комисија истражува дали Amazon им дава предност на сопствените производи на платформата, со што би учествувал и како платформа и како продавач на производи на истата платформа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Првите вести за истрагата во најголемите технички-технолошки компании во светот се појави летото минатата година. Тимови од различни агенции започнаа ја прегледуваат работата на компаниите. Одделот за правда го истражуваше Google, Федералната комисија за трговија Facebook и Amazon. […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk