0 коментари 2 мин. читање 25 март, 2014

Хуманоидните роботи на Google нема да работат за Армијата на САД

Google како најголемиот инвеститор во роботиката надвор од армијата на САД, нема да побара дополнителни средства од DARPA за развој на роботите. Иако дел од компаниите кои неодамна станаа дел од тимот за роботика во Google X Lab, имаат тековни договори со Армијата на САД. Поради ова DARPA и Google сега се еден вид на партнери, но Google најави дека по истекувањето на договорот кој Boston Dynamic го имаа со DARPA, компанијата нема да ја продолжи соработката со армијата. Втора компанија која мора да соработува со армијата е SCHAFT чии робот победи на DARPA Robotic Challenge и ќе треба да се подготват за финалето.

Дури и автономното возило на кое работи Google е идеја која се појави од натпревар под спонзорство на DARPA, a Google има „украдено“ и дел од луѓето кои работеа за војската. Сепак се чини дека компанијата е загрижена за својот имиџ во јавноста. Од друга страна, ниту DARPA не сака да инвестира во богати компании како Google, наместо ова сакаат да инвестираат во мали стартапи кои имаат проблеми со финансиите.

Поради ова двете компании се обидуваат што е можно бобезболно да излезат од соработката. Ова не е едноставно, роботот на Boston Dynamics, ATLAS е основа за пет од деветте робооти кој влегоа во финалето на DARPA натпреварот, па армијата се обидува да донесе нови платформи, еден од првите кандидати е Valkyrie платформата на NASA. По се изгледа дека по финалето на DARPA Challenge компаниите доброволно ќе ја прекинат соработката, известува Verge.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top