Huawei во 2019 продаде повеќе телефони од Apple

во feature, Вести

Иако под санкции најголемиот кинески производител на паметни телефони, Huawei успеа да ја зголеми својата продажба и да го помине Apple на второто место на листата на компании чии уреди најмногу се продаваат, пренесе ArsTechica.

Во 2019 најмногу телефони повторно продаде Samsung 298,1 милиони уреди, по нив следи Huawei со 240,6 милиони, па Apple 198,1; Xiaomi 125,5 и Oppo 120,2. Она што е и поимпресивно е порастот на уделот кој на пазарот го има Huawei. Во 2018 уделот беше 14,8 отсто, а во 2019 17,6 отсто. Порастот на продажбата на Huawei во 2019 во споредба со 2018 изнесува помеѓу 16 и 17 отсто.

Главна причина поради која одделот за паметни телефони на Huawei и не е премногу погоден од санкциите е што 60 отсто од телефоните ги продаваат во Кина. Во оваа држава речиси 40 отсто од телефоните кои се користат се произведени од Huawei.

Но не сите показатели се позитивни. Постои причина за загриженост, а тоа е падот на продажбата на Huawei во последното тримесечје на 2019. Ова е прв пат во последниве две години компанијата да забележи пад во било кое тримесечје, вели Canalys.

Втората голема опасност за Huawei доаѓа од недостиг на софтвер. Компанијта поради санкциите не може да купува хардвер и софтвер од американските компании. Huawei има резерви на компоненти и хардверот нема да ги погодни, но нивните уредите нема да можат да користат софтвер од САД. Ова најмногу се однесува на Android оперативниот систем. Како купувачите ќе се привикнат оваа промена и дали воопшто ќе има некакво влијание ќе дознаеме во иднина.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk