HTC ќе потроши скоро 1 милијарда долари за Роберт Дауни Џуниор да ни објасни што значи HTC

0 коментари 1 мин. читање

Тајванскиот производител на паметни телефони, HTC, го ангажираше најплатениот холивудски актер Роберт Дауни Џуниор да им помогне да се ребрендираат. Кампањата за чија цел ќе се потрошат скоро 1 милијарда долари го носи името „Change“ и чини колку целиот маркетинг буџет што го имала компанијата за целата мината година. За споредба годишниот маркетинг буџет на Samsung e околу 10 милијарди долари.

Во рекламното видео кое треба да биде објавено на 15 август, Роберт Дауни Џуниор, кој ќе добие околу 12 милиони за две годишен договор, е во улога на човекот што треба да објасни за што стои акронимот HTC. „Hold This Cat“ и „Humongrous Tinfoil Catamaran“ се едни од алтернативите кои тој ги користи, наместо „High Tech Computer“.

Оваа кампања е дело на новиот шеф на маркетинг одделот, Бен Хо, кој во март ја „уби“ пораката „Quietly Brilliant“ како замена за нешто позвучно. „Change“ кампањата ќе трае две до три години.

[youtube]http://www.youtube.com/watch?v=UpGUV6ZrYFw[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Мени
Заедница
Изглед