0 коментари 2 мин. читање 28 февруари, 2014

HTC можеби ќе го претстави првиот од многуте телефони со двојни камери

Новиот Оne телефон кој доаѓа од HTC, можеби ќе биде првиот од многуте телефони кој ќе доаѓаат со двојна камера, шпекулира Engadget. Стартапот Corephotonics е еден од развивачите на овие камери и во интервју за Engadget ги објаснуваат предностите на дуал-камерите.

Камерите кои вака би се вградиле во телефоните би помогнале во замена на фотографските апарати со паметни телефони, се разбира, кога во прашање е „рекреативна“ фотографија. Двете камери се избираат така да едната е широкобјективна, а другата со 3х зум. Ова ќе овозможи промена на леќата при фотографирањето на подалечни објекти без притоа да има потреба од дигитален зум. Ваквата камера има предности и при ноќно фотографирање, бидејќи овозможува споредба на пикселите од едната и другата леќа и анализа со остатокот од фотографијата за одбирање на точната обоеност. Конечно двојната леќа ќе овозможи 3Д ефект со автоматско замаглување на позадините при фотографија на портрет.


Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top