0 коментари 2 мин. читање 21 декември, 2012

HTC ќе прави Windows RT таблет компјутери

Тајванскиот телекомуникациски гигант HTC планира наскоро да презентира нов уред на пазарот за таблет компјутери. Платформата која HTC ја избра за својот нов таблет компјутери ќе биде Windows RT оперативниот систем, јавува Bloomberg повикувајќи се на анонимни извори.

Според информациите HTC работи на два таблет компјутери првиот 7-инчен со можност да се користи и како телефон, а вториот е 12-инчен и би требало да биде стандарден таблет. Освен нов таблет уред кој ќе им конкурира на Apple. Google или Amazon, новиот HTC таблет ќе влезе на таблетот на 7-инчни таблет компјутери. Ова е прв Windows таблет со оваа големина, а доколку шпекулациите се покажат точни, тој ќе биде прв ваков уред кој ќе им биде конкуренција на Nexus7, iPad mini и Kindle Fire HD. Процесорот кој ќе го користи таблетот ќе биде ARM, Qualcomm (најверојатно Snapdragon).

Интересно ќе биде да видиме каде HTC ќе се реши да го стави својот продукт според цената, пред се бидејќи останатите Windows уреди се од 500 до 1.000 долари. Дел од аналитичарите во своите критики го напаѓаат Microsoft за превисоката цена што допринесува Surface да не биде популарен колку што би можел да биде.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}