Hight Tech Computers објавувајќи ја рекордната продажба во јуни, најави и дека ја купува компанијата за чипови S3 Graphics за 300 милиони долари во кеш. Со аквизицијата на S3 Grаphics, HTC ја продолжува листата на патенти со нови 235 одобрени и аплицирани патенти врзани за технологија за графичка визуелизација.
Имањето патенти овозможува контрола врз технологијата и профитирање од лиценци. Во моментов на пазарот на паметни телефони и таблет компјутери има еден куп тужби меѓу компании за прекршување на патенти. Конкретно, минатата година Apple стартуваше тужба против HTC за прекршување на патенти за кориснички интерфејс на iPhone барајќи од судот да ја блокира продажбата на уредите. HTC ги негираше обвинувањата. Во меѓувреме, минатиот месец VIA, тајвански производител на чипови кој беше претходниот сопственик на S3 Graphics, победи на суд кој одлучи дека Apple прекршил два нејзини патенти.
Taјванската компанија со купување на S3 Graphics се осигурува да го има тоа што ќе биде потребно да се продолжи кон освојување на пазарот. VIA ќе добие 147 милиони долари кеш од HTC за S3 Graphics, WTI, вториот сопственик, ќе добие 153 милиониж. Интересно, VIA, WTI и HTC се поврзани така што и сите компании ги имаат најбогатите тајванци како инвеститори и акционери.
HTC моментално е петтиот најголем производител на мобилни телефони, втор најголем во Азија.