0 коментари 2 мин. читање 26 октомври, 2011

HTC и официјално во партнерство со DropBox

Неодамна пишавме за планот на HTC да влезе во партнерство со DropBox со цел нивните уреди да добијат опција за онлајн складирање. Сега тајванската компанија потврди дека потпиша договор со сервисот за онлајн складирање, според кој идните HTC телефони ќе доаѓаат со веќе инсталирана апликација на DropBox.

Првично се шпекулираше дека идните корисници  на HTC телефони од ова партнерство ќе добијат 2GB слободен простор, додека оние кои ќе ги купат најновите HTC модели, и веднаш се конектираат на DropBox ќе добијат доболнителни 3GB бесплатен простор на своите уреди. Според најновиот договор корисниците ќе добијат 5GB бесплатен простор на оние паметни телефони кои го користат интерфејсот Sense 3.5, во кои спаѓаат HTC Rhyme и HTC Sensation XE. HTC не објави кога точно ќе се појават телефоните со новиот сервис, меѓутоа се очекува тоа да биде наскоро.

Со овој договор HTC ќе може да се натпреварува со Apple, кои на своите iPhone паметни телефони, нудат исто така 5 GB слободен простор преку нивниот сервис iCloud. Опцијата за користење на DropBox сервисот нема да биде достапна на HTC паметните телефони кои ќе работат на Windows Phone, бидејќи Microsoft преку својот сервис SkyDrive нуди дури 25 GB слободен простор.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top