South Central Ventures ќе инвестира до 600.000 евра во хрватската стартап компанија LittleDot. Компанијата овозможува преку технологија која е достапна секогаш, да се одвратат родителите од пребарување на симптоми за своите деца на Google. Самостојното дијагностицирање не само што често е погрешно, туку може да биде и опасно.
„Во LittleDot сме многу задоволни и возбудени што нашиот партнер South Central Ventures ни уккажа доверба, и на тимот и на компаниајта. Се радуваме на остварување на експоненцијален раст на пазарите на кои целиме и на високото задоволство на нашите сегашни и идни клиенти“, вели Лрешо Троха од itSoft.
LittleDot е платформа која ги поврзува родителите со педијатрите. Идејата и конечната цел е педијатрите да им бидат достапни на родителите 24 часа. Со тоа ќе биде отстранета потребата за самолоекување. Целта секако е родителите и децата да ја добијат точната дијагноза и третман. Со ова, здравјето на детето нема да биде доведено во прашање, а родителите може да бидат спокојни.
Телемедицината овозможува преглед на пациентите на далечина, најчесто преку видео повици. Општо најкорисна е за подрачја кои се на големо растојание од клиниките. Секако со LittleDot ќе биде од помош и надвор од работното време, кога лекарите не се достапни. Лекарите се недостапни, но родителите се нетрпеливи, па LittleDot ќе биде од исклучителна помош. Можеби најголемата придобивка од сервисот ќе биде во регионот. Речиси без исклучок сите држави имаат недостаток од лекари, а интересот постои.
За сервисот работат и даваат дијагнози лекари педијатри со повеќегодишно искуство, кои на родителите можат да им помогнат со: кратка пишана консултација; телефонскиа консултација или второ мислењe.
На пример, не мора ниту да се грижите за луѓето кои пребаруваат по Google. Погледнете само колку луѓе се јавуваат на телевизските канли за мислење од лекарите, а речиси секоја телевизија има барем 1 час ваква програма. Додека траат емисиите телефоните постојано ѕвонат, но емисиите се куси и преку телефон е проблематично да се даде вистинска дијагноза. Доколку еден дел од овие пацијенти преку онлајн сервиси стигнат до лекари, ќе биде одлично.
Фондот ќе инвестира во стартапот во прва фаза, а финансиската помош зависи од потребите може да достигне и до 600 000 евра.
LittleDot е стартап основан во 2017 година од Фарио Шимовиќ, со помош на познатиот хрватски педијатар Миливој Јованчевиќ. Дарио има 10 годишно искуство како менаџер во CISCO. Подоцна на тимот како советник му се приклучил Крешо Троха. Нивното мото е : „Секој има право на најдобро здравство, пристап до одлични медицински професионалци и доверливи здравствени совети“.