Хрватскиот град Осијек ќе се рекламира во виртуелната реалност

Хрватскиот град Осијек за овие Божиќни и Новогодишни празници ќе се рекламира со помош на виртуелната реалност.

Во виртуелната реалност корисниците ќе можат да се провозат со божиќен трамвај низ центарот на градот. Станува збор за проект на VR Osjeк, играчница за виртуелна реалност во центарот на градот, јави Netokracija.  Апликациајта најпрво е креирана на хартија, а потоа се фотографирани фасадите и објектите кои се користени во симулациите. Потоа е моделиран плоштадот и се направени анимациите. Виртуелната реалност е креирана во Unity, а за моделирање се користат 3DS Max, Maya и Lightwave.

Image Courtesy of Netokracija

Image Courtesy of Netokracija

Симулациајта и можноста за управување со трамвајот е пред се наменета за децата, но креаторите сметаат дека ќе им биде интересна и на возрасните.

„Симулацијата има своја магија која допира до сите не само да децата. Атмосферата која е постигната во симулацијата го претвора во стварност божиќните доживување кои ги гледаме во филмовите. Годините не се бројат во моментот кога санката на Дедо Мраз со ирвасите ќе помине над вашата глава. Изгледаат дека може да ги јавнете во секој момент. Не сакам да ви откривам повеќе, Осијек не е далеку.“, велат креаторите на апликацијата.

Деби презентација софтвероот имаше овој викенд. Виртуелната реалност ќе остане во центарот на градот во текот на целиот месец, а билети ќе се продаваат во трамвајот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments