Лео Апотекер, претходниот главен човек на Hewlett-Packard, во август најави дека оваа компанија нема повеќе да произведува таблет компјутери, дека нема да ја продолжи работата на оперативниот систем WebOS, како и тоа дека наместо на производство на компјутери, ќе се сконцентрира на софтвер и бизнис услуги.
Оваа одлука не им се допадна многу на бордот на Hewlett-Packard, па така минатиот месец Лео Апетекер минатиот месец беше отпуштен, и заменет со Мег Витман, претходен CEO на eBay. На својата прва прес конференција, Мег Витман минатиот месец изјави дека сè уште се разгледува опцијата за продажба на дивизијата за производство на персонални компјутери. Меѓутоа, после еден месец компанијата излезе со конечна одлука:
„Hawlatt-Packard објективно го евалуираше стратешкото, финансиското и оперативното влијание на продажбата на дивизијата за производство на персонални компјутери. Јасно е дека задржувањето на оваа дивизија е исправно за корисниците и партнерите, исправно е за акционерите, а исправно е и за вработените,“, изјави директорката Мег Витман. „Hewlett-Packard e посветен на дивизијата за производство на персонални компјутери, и заедно сме посилни.“
Покрај задржувањето на бизнисот за персонални компјутери, новиот главен човек на Hewlett-Packard исто така изјави и дека оваа компанија ќе остане и во бизнисот со таблет компјутери. Одлуката дали ќе се продолжи работата на оперативниот систем WebOS ќе биде донесена во наредните два месеца.
Претходно, во август, HP ја купи софтверската компанија Autonomy за 10,3 милијарди долари.
[…] Зошто HP избрза со изјавата дека ќе се повлече од пазарот на персонални компјутери, за подоцна вашата извршнa директорка (CEO), Мег Витман, да ја повлече одлука…? […]