Windows Holographic е еден од ретките производи и уште поретките уреди од Microsoft, за кои сме биле возбудени од првата презентација. Станува збор за уред налик на очила кој овозможува холограмски проекции околу корисникот. HoloLens не само што ќе креира холограми, туку и ќе овозможува гласовна и гестикулативна интеракција. Очилата, да ги наречеме така, користат „трикови“ со светлина кои креираа виртуелни 3Д-површини, кои технички не се холограми, бидејќи се користи поинаква технологија. Наместо ласери HoloLens користи стереографски дисплеј кој на корисникот му ги прикажува „холограмите“ врз „сликите“ од реалноста, објаснува Ars Technica.
Холо-очилата ќе овозможат работа на 3Д модели со помош на HoloStudio софтвер за 3Д моделирање и потоа испратени до 3Д принтер. Уредот овозможува дури и позиционирање на холо-телевизор, холо-часовници или дел од Windows околината на ѕид. Hololens, според оптимизмот на Microsoft, ќе треба да ја зголеми продуктивноста за дел од професиите, пример ќе им помогне на научниците на NASA да одат по Марс, и ветува дека потполно ќе ја редефинира забавата во домот. Можеби најимпресивната презентација на HoloLens дојде токму од гејминг одделот на Microsoft. Играњето на Minecraft на масата, плакарите и слични површини во вашиот дом, ќе ја направи играта далеку поинтересна.
HoloLens за сега е во развој, но според процената на Алекс Кипман од Microsoft, уредот ќе биде достапен некаде во период во кој ќе биде актуелен Windows 10. Останува непознато дали HoloLens е замена за најавените очила за проширена реалност Fortaleza или сосем различен нов производ.
[youtube]5GyA3SJF2SE[/youtube]


Да не излезе ова за HoloLens разлика на производ со реклама – Congratulations, you bought potato!