0 коментари 2 мин. читање 3 август, 2016

HoloLens им е веќе достапен на бизнис корисниците

Првите HoloLens уреди од Microsoft веќе се испорачуваат на бизнис, а првите кои ќе ги добијат своите уреди се од САД и Канада, јави компанијата на својот блог. Заинтересираните компании можат да купат до пет уреди од hololens.com, а повеќе не е потребно да се пријават со специјални пријави. Microsoft објави и дека заврши со испорака на првите уреди за првите развивачи, а со тоа и дека се подготвени за нови испораки.

HoloLensDevEdition1_1280x620-1024x496

Првите HoloLens уреди чинеа 3.000 долари, што барем засега прави да бидат далеку од достапни за најголем дел од обичните корисници. Microsoft креираше и софтвер кој ќе овозможи сите уреди да бидат контролирани од еден центар преку кој може да се инсталираат апликации, да се променат дозволи за кои апликации може да се вклучат и криптирање на податоците.

Планот е HoloLens да биде достапен најпрво за компаниите, а дури потоа за пошироката популација која би можела да го користи уредот и како платформа за забава.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top