Холивудските ѕвезди и нивните голи селфија се глупави, вели еврокомесарот за дигитална економија

во ИТ.ЕУ

Се чини дека Гунтер Отингер ќе ја започне работата на својата нова позиција како еврокомесар за европската дигитална економија со непромислена и глупава изјава. Г. Отингер ги опиша славните личности како „глупави“ бидејќи се сликале разголени, а потоа нивните слики, кои би требало да бидат безбедни на нифните телефони, се појавија на Интернет, откако хакери им ги пробија уредите.

„Би требало да кажеме; Ќе намалиме или елиминираме одредени ризици. Но како со сите технологии не може да се исклучат сите ризици. Ќе дадам пример, ова може ќе биде полу сериозно. Фактот дека неодамна имавме бројни поплаки од за разголени фотографии на познати личности кои се сликале. Не ми се верува! Ако некој е доволно глупав да се слика гол и да го стави онлајн, сигурно не очекуваат од нас да ги заштитиме. Мислам… глупавоста е нешто од кое не можеме или само делумно можеме да ги спасиме луѓето“.

Со оглед на тоа дека се чини дека г.Отингер не прави разлика помеѓу податоците оставени на облакот и податоци оставени на Интернет, не е чудно што го навлече гневот на јавноста.

Најгласна критика доаѓа од Џулија Реда претставник на Пиратската партија. „Гунтер Отингер е германски политичар кој и покрај тоа што нема познавања за оваа област, ќе стане задолжен прв човек на комитетот задолжен за Интернет во Европа“, вели таа на својот блог.

„Доколку успеете некако да погледате подалеку од славни линости/секс аголот, изјавата е неверојатна: Човекот задолжен за зголемување на довербата во Интернет за Европјаните купуваат повеќе онлајн, вели дека жртвите се виновници, бидејќи им се украдени лични податоци кои потоа се споделени без авторизација. Моралната вина, наместо на криминалците, ја стави на жртвите“.

[youtube]l109UH8sgGs[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Димитар
Димитар
11 years ago

Па убаво си збори човекот: „Ќе намалиме или елиминираме одредени ризици. Но како со сите технологии не може да се исклучат сите ризици.“
Cloud-от си има одредени вклучени ризици од кои не може да ги заштитува некоја си агенција на ЕУ….