Холивудските гиганти го тужат Midjourney за прекршување на авторски права

во Вести

Во исклучително важен судски спор, Disney и NBCUniversal поднесоа заедничка тужба против компанијата за генеративна вештачка интелигенција Midjourney. Тие го обвинија Midjourney за прекршување на авторски права. Ова е првпат големи холивудски студија да преземат директна правна мерка против компанија или стартап за вештачка интелигенција. Ова може да е сигнал за нова насока во постојаната борба за интелектуална сопственост. Во ерата на вештачката интелигенција се чини дека интелектуалната сопственост е пред нови предизвици.

Тужбата е поднесена до Окружниот суд на САД во централна Калифорнија. Во неа се тврди дека станува збор за директно и секундарно прекршување на авторски права. Disney и NBCUniversal ќе се обидат да докажат дека Midjourney ја искористил нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи и препознатливи ликови, за да го обучи својот модел.

Тужбата дава бројни визуелни примери на слики генерирани од вештачка интелигенција преку Midjourney. Како што тврдат тужителите Midjorney ги реплицира нивните ликови заштитени со авторски права. Дел од споменатите ликови се „Minions“ од NBCU и некои од омилените ликови на Disney од филмови како „Lion King“, „Aladdin“, „Frozen“, „Toy Story“, „Cars“ и „Star Wars“, како и ликови од „Simpsons“ и „Shrek“, пренесе Variety.

Јама полна плагијати

Според тужителите, алатката за генерирање слики на Midjourney е „јама без дно на плагијати“. Нејзините кратори профитираат од нивните креативни дела без да инвестира во нивното создавање. Тужбата ги истакнува пријавените приходи на Midjourney. Компаниајта заработила 300 милиони долари минатата година и нејзините речиси 21 милион корисници од септември 2024 година. Секако, ова треба само дополнително да го нагласи прекршувањето додавајќи и финансиски аспект.

„Креативноста е клучна за нашиот бизнис. Го правиме ова денес за да ги заштитиме напорната работа на сите артисти чија работа нè забавува и нè инспирира и нашата значителна инвестиција во нашите содржини. Кражбата е кражба без оглед на користената технологија, а оваа вклучува очигледно прекршување на нашите авторски права “, вели Кимберли Харис  од NBCUniversal за CNBC.

Midjourney за својата услуга нуди претплата. Претплатите имаат неколку нивоа кои се движат од 10 до 120 долари месечно. Со оваа претплата вештачката интелигенција им овозможува на корисниците да ги генерираат и преземаат овие слики.

Disney и NBCUniversal тврдат дека се обиделе да комуницираат со Midjourney пред да ја поднесат тужбата за да пронајдат решение. Меѓутоа, за разлика од другите платформи за вештачка интелигенција кои наводно се согласиле да применат мерки за спречување кражба на интелектуална сопственост, Midjourney не го сфатил проблемот сериозно. Во тужбата се наведува дека Midjourney „продолжи да го прекршува авторските права и да објавува нови верзии на вештачката интелигенција за генерирање на слики, кои, според основачот и извршниот директор на Midjourney, креираат уште поквалитетни слики“.

Ликовите од Toy Story генерирани од Midjourney

Преседан за идните случаи

Вишиот извршен потпретседател, главен правен и директор за усогласеност на The Walt Disney Company, Хорасио Гутиерез вели:

„Нашата светска класа на интелектуална сопственост е изградена врз децениски финансиски инвестиции, креативност и иновации – инвестиции кои се овозможени со стимулациите отелотворени во законот за авторски права што им даваат на креаторите ексклузивно право да профитираат од нивните дела“.

Тужбата бара парична отштета. Дополнително ќе побараат прелиминарна и потенцијална трајна забрана за да се спречи Midjourney од понатамошно прекршување или дистрибуција на нивните дела заштитени со авторски права. Исходот од овој случај би можел да постави преседан за иднината на законот за авторски права во сѐ уште новите правила во светот на вештачката интелигенција.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk