Hellblade ви ги брише сејвовите доколку умирате премногу?

Hellblade: Senua’s Sacrifice е е една од најочекуваните игри за месец август. Со нејзиното неодамнешно излегување, повеќето гејмери беа соочени со исклучително напната гејмплеј механика. Имено, доколку умрете доволно пати, ќе настапи целосна смрт, сејвовите ќе се избришат и ќе мора да почнете со играњето од почеток. Ваквиот permadeath систем е осмислен со цел да се надоврзе на комплицираната тематика која се обработува. Главниот лик е со значително нарушено ментално здравје и ваквиот систем би требало да ги потенцира ескалираните напади на психоза и несигурност. Уште на почетокот на играта, Senua ќе навлезе во предизвикувачка битка од која никако нема да може да излезе како победничка и, како последица, ќе се појави црна корупција која, со секоја смрт, полека, но сигурно се шири од рацете кон вратот, се додека не стигне до мозокот. Умрете доволно пати и неповратната смрт ќе стапи на сила.

Или, барем, така тврди интернетот.

Многумина гејмери беа сè само не имресионирани од прикажувањето на ваквата гејмплеј механика и дојде до целосна поделба на фронтот. Додека едни бараа парите да им се вратат, други се колнеа дека нема да ја допрат играта, иако им се допаѓа приказната, борбениот систем и севкупната атмосфера. Друга група гејмери побрзаа да ја пофалат инвентивноста и да шират глас дека неповратната смрт многу тешко ќе биде доживеана од поголемиот број гејмери и дека борбениот систем е премногу добар и мора да сте крајно невнимателни за да бидете „казнети“ со бришењето сејвови. Оваа механика, објаснуваат и одредени критичари, е одлична алатка за дополнително искажување на нежната ментална состојба на хероината и е повеќе од добредојдена за градење тензија која не прави ништо друго освен што наградува со пријатно чувство на достигнување по секоја успешно завршена битка.

Но, дали е тоа навистина така? Прашајте ги PCGamesN и ќе добиете одговорот дека целава оваа механика е само фарса и не е ништо повеќе од блеф.

Според тестерите од PCGamesN, црната корупција се движи до одредена точка и потоа застанува. Педесетте умирања се повеќе од потребниот доказ за тоа.

Hellblade: Senua’s Sacrifice доаѓа од ветераните зад кои стојат игри како Heavenly Sword, Enslaved: Odyssey to the West и DmC: Devil May Cry. Моментно, насловот ужива 88% позитивни рецензии на Steam, односно 81 поен на Metacritic.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Angel
8 years ago

Откатко ќе сејвираш, правиш копија на сејвот на друго место и доколку ти се избрише тој сејв, го ставаш тој што си го копирал,