Хардвер кој го пропуштивме оваа недела: Portal TV, Xiaomi Mi Watch, Xbox Elite Wireless Controller Series 2, Nest Wi-Fi, AMD Threadreapper…

Avatar img-thumbnail img-circle

во feature, Вести

За дел од нас хардверот е поинтересниот дел од ИТ-секторот. За жал често мора да одбираме популарен или поинтересен хардвер. Заради ова пропуштаме дел од хардверот, тој хардвер сега е на оваа листа.

Portal TV

Уредот за видео разговор на Facebook, Portal TV оваа недела дојде до корисниците, па за можевме да ги прочитаме првите впечатоци.

Portal е камера, чии изглед можеби помалку потсетува на Kinect. Сепак Portal e поедноставен уред кој го претвора домашниот телевизор во огромен екран за видео разговори, разговорите се преку Facebook Messenger или Whats App. Секако има нешто повеќе од тоа. Зад движењата и фокусирањето на камерата има вештачка интелигенција која го следи корисникот и по потреба зумира или одзумира.

Веројатно најголема предност е цената за 150 долари го добивате најголемиот екран за видео разговор. Ова е овозможено заради телевизорот без кој овој уред не функционира. Portal TV има 8 микрофони звучник и камера. Звучникот иако постои се користи исклучиво кога не работи телевизорот, останатото време звучникот на телевизорот е поквалитетен избор.

Вообичаено производителот на овој хардвер се обидува да ги зароби корисниците во сопствениот екосистем, но со оглед на тоа дека немаат што многу да понудат во моментов засега ова не е случај. Portal TV доаѓа со два гласовни асистенти „Hey Portal“ на Facebook и Alexa на Amazon.

Веројатно единственото прашање кое корисниците треба да си го одговорат пред да замислат  да го купат уредот е колку  му веруваат на Facebook.

Xiaomi Mi Watch, изглед на Apple Watch за половина цена

Xiaomi го лансираше Mi Watch часовник кој неодоливо наликува на Apple Watch, а секако не е ниту првпат дизајни на уреди од Xiaomi да потсетуваат на уреди на Apple.

Дисплејот на часовникот е 1,78-инчен AMOLED со 326ppi. Оперативниот систем е прилагодена верзија на MIUI, верзија на Android изработена од Xiaomi. Часовникот доаѓа со Qualcomm Snapdragon Wear 3100 4G чип со четири Cortex A7 јадра на 1.2GHz; 1GB RAM и 8GB флеш диск. Часовникот може да се поврзе на мобилна мрежа преку eSIM, а може да се користи и со Wi-Fi, GPS, Bluetooth. Mi Watch има и NFC кое се користи за исплата. Со едно полнење на батеријата часовникот може да работи до 36 часа.

Цената на часовникот ќе биде 185 долари, а во продажба ќе биде достапен од следната недела. Засега нема најава за датата кога овој часовник ќе биде достапен глобално.

The Xbox Elite Wireless Controller Series 2

Оваа недела излезе втората верзија на Xbox Elite Wireless Controller. Series 2 е многу сличен на претходникот, но сепак има и добредојдени промени. Секако кога контролерот чини 180 долари, очекувате квалитет, а ако судиме по првите рецензии Microsoft не разочара.

Контролерот доаѓа со куп можности за прилагодување, од дополнителни рачки за „thumbstick“ до зголемување на отпорот на нивниот отпор. Нагодувања може да се направат и од Microsoft’s Accessories софтверот. Ова овозможува во меморија да бидат зачувани копчиња како „Shift“ и слично. На корисниците на гејминг периферијали ќе им биде позната можноста нагодувањата да бидат зачувани на профил на контролерот.

По промената на стандардот кај каблите промена има и на Series 2. Контролерот се поврзува со USB-C, што е одлична промена со оглед на тоа дека телефоните и најголем дел од другите уреди се префрлија на новиот приклучок ова е одлична промена.

Во период во кој очекуваме нова конзола од Microsoft не е безначајно што контролерот ќе може да се користи и со следниот Xbox.

Nest Wi-FI

Не помина многу време од најавата, а веќе може да ја видиме замената на Google Wi-Fi, Nest Wi-Fi. Надградбата на уредот има подобро покривање и подобар звучник. Уредот може да покрие површина од 353 m2,иако ова веројатно зависи и од распоредот на просторот.

Nest Wi-Fi е 4×4 AC2200 „access point“ и рутер, а Nest Point is a 2×2 AC1200 „access point“. Уредот има повеќе RAM и надграден процесор, но голем дел од ова се користи за гласовниот асистент, објасни Ars Technica. За работа ќе биде потребен и модем. Сепак она што најважно е дека со новиот уред брзината на поврзувањето е подобра од претходникот. Google ова го најави и на конференцијата, но и првите тестови го потврдуваат овој податок.

Nest Wi-Fi чини 170 долари за основната верзија, до 270 за понудата со 1 дополнителен Nest Point е 270 долари. За 350 долари е достапен дополнителен Point и можност за покривање на 500m2 и приклучување на 300 уреди.

AMD претстави нов Threadripper процесор

Оваа недела AMD ја претстави третата генерација на Threadripper процесори и најави дека продажбата започнува за неколку недели на 25 ноември.

Процесорот доаѓа со новата 7-нанометарска „Zen 2“ архитектура. Има две варијатно 24-јадрен и 32-јадрен процесор со работни фреквенции од 3,8 и 3,7 GHz. Процесорот е наменет најмногу за креаторите на содржина. Така Adobe Premiere CC 2019 работи 47 отсто побрзо отколку 18 јадрениот процесор на Intel i9-9980XE кој e во истиот ценовен ранг, пренесе Engadget. Цената на 24 јадрениот TR 3960X е 1400 долари, а на 32 јадрената верзија TR 3970X 2000 долари.

Ако барате гејминг процесор, AMD ве потсетува дека Threadripper не е играње, но нивниот Ryzen 9 3950X е најдобриот гејминг процесор. AMD тврди дека 16-јадрениот (32 виртуелни јадра) Ryzen 9 3950X е најбрзиот гејминг процесор. Фреквенцијата му е од 3,5 GHz, до максимални 4,7GHz (на две јадра). Како и Threadripper и овој процесор доаѓа со 7-нанометарска „Zen 2“ архитектура. Дополнително процесорот чини 750 долари, 450 долари помалку од конкуренцијата на Intel.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

види ги сите огласи на kariera.it.mk