Hand In Hand e прекрасна авантура во која контролирате двe лица во исто време

Од развојното студио MaxMedia ни доаѓа симпатичен платформер во кој сами или со уште еден пријател ќе управувате со еден (или двата) ликови. Покрај истражување детален свет, ќе ги здружувате силите за заедничко справување со предизвици.

Hand in Hand неодамна излезе за Nintendo Switch!

Бројните лица на предизвикот

Hand in Hand нема да ве импресионира со едноставниот дизајн на ликовите и несмасното движење низ светот, но ќе ве импресионира со сѐ останато. Тимот се има потрудено да осмисли богат и предизвикувачки свет кој ја разгорува фаустовската жед за откритија и нови сознанија. Hand in Hand се одликува со преубави и разнолики места. Секое од местата крие серија од предизвикувачки загатки. Овие загатки, меѓутоа, нема да можете да ги решите само со едниот од двата игриви лика.

Во Hand in Hand строго се препорачува играње со контролер. Причината за тоа е што копчињата на левата страна се резервирани за управување со едниот лик, а копчињата од десната страна – за друг. На овој начин, по почетните кратки моменти на запознавање, екранот се дели на два дела, при што на горната страна го гледате и го управувате едниот лик, а на долната го гледате и управувате вториот лик.

Целата идеја е одлично осмислена и реализирана, не потсети на Brothers: A Tale of Two Sons и некако посакуваме почесто да е застапена ваквата механика. Нормално, доколку сакате, управувањето на вториот лик можете да го препуштите на вашиот пријател, но, искрено, управување и со двата лика, особено од еднаш, има посебна релаксирачка и интересна димензија во која знаете дека сте целосно во контрола.

Независно од тоа дали ќе ја играте Hand in Hand сами или со уште едно лице, секој од ликовите се одликува со одредени способности. Нивната креативна комбинација прави играта навистина да сјае. Целта е да пробате да ги споите сродните души така што ќе им помагате на нивното патување. Па така, едниот лик ќе поместува камења и ќе крши карпи, а другиот ќе станува невидлив за да се овозможи преку трнливи области.

Загатките се релативно лесни на почетокот, но додоцна се воведуваат дополнителни механики кои знаат озбилно да ве замислат, особено кога ќе влезе во игра употребата на ласери и рефлектори, како и древни механизми испреплетени низ мистериозни лавиринти и рушевини.

Hand in Hand е прекрасна игра полна со впечатливи и, на моменти, трогателни моменти. Носталгичната музичка подлога дополнително допринесува до потопување во имерзивното, епско патување. Доколку сакате да заиграте невообичаена авантура со бројни паметно-осмислени загатки, тогаш HiH е наслов на кој би требале да му пружите шанса.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: MaxMedia
  • ИздаваOverGamez
  • Жанр: авантура
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 30 ноември 2023 / 12 мај за Nintendo Switch

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments