0 коментари 2 мин. читање 27 јуни, 2017

Хакерски напад на Британскиот парламент

Долг и постојан напад врз серверите на Британскиот парламент ја наруши онлајн доверливоста на пратениците.

Нападот започна во петок навечер, а ИТ тимовите како безбедносна мерка го исклучија пристапот до имејлот на пратениците и персоналот, јави BBC. Навремената и соодветна реакција помогна компромитирањето да застане на 90 имејл профили. Серверот на парламентот има над 9.000 профили.  Реакцијата го ограничи и пристапот до податоци, но сè уште се испитува обемот на пробивањето.

„Истрагата е во тек, но јасно е дека помалку од 1% од 9.000 профили на парламентарната мрежа се компромитирани како резултат на лоши лозинки. Овие корисници не ги следеле правилата на парламентот“, вели портпаролот на британскиот парламент.

Осомничени и за овој напад се „старите познаници“, Русија и Северна Кореја, тврди Guardian. Според ИТ-тимот на парламентот, целта на нападот е да се лоцираат и пробијат токму профилите заштитени со слаби лозинки. Потоа овие профили би можеле да се користат и за понатамошни фишинг напади.

„Како што ги идентификуваме овие профили, веднаш известуваме и проверуваме дали податоците се компромитирани“, вели ит тимот.

Постои страв дека дел од пробиените профили би можеле да бидат цел на уцени. Поради ова тимовите и Агенцијата за онлајн безбедност активно соработуваат со сопствениците на нападнатите профили.

Додека не се врати назад целата функционалност, граѓаните можат да ги испраќаат итните пораки преку друштвените мрежи како Twitter.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top