Хакери украдоа 610 милиони долари во криптовалути, па вратија 260 милиони

Група хакери е одговорна за најголемата кражба на крипто-валути досега. Напаѓачи од децентрализираната финансиска платформа Poly Network, успеаја да украдат крипто-валути во вредност од 610 милиони долари. Украдената сума е највисока во историјата на децентрализираните финансии.

Poly Network е платформа која овозможува peer-to-peer трансакции. Платформата спојува повеќе блокчејнови од различни виртуелни валути за да можат меѓу себе да бидат интероперабилни.

Напаѓачите успеале да пронајдат и да искористат пропуст во дигиталните договори кои ги користи платформата за префрлање на токените на различен блокчејн. Хакерите успеале да украдат етер, токени поддржани од биткоин, тетер и догкоин чија вкупна вредност е 610 милиони долари.

Poly Network побара од сите членови на крипто-екосистемот  да не ги купуваат средствата кои се продаваат од адресите на кои напаѓачите ги насочија валутите. Помош дојде и од берзата Binance која ги координираше сите свои безбедносни партнери како активна помош, пренесе CTV News.

Од Poly Network се обратија и директно до напаѓачите и оставија отворени адреси на кои можеа да ги вратат токените.

„Сумата која ја украдовте е највисока во историјата на децентрализираните финансии. Службите за спроведување на законот од сите држави ќе го сметаат ова за економски криминал и ќе бидете кривично гонети. Парите се од десетици илјади членови на крипто заедницата, од луѓето.“

Она што можеби никој не го очекуваше е дека напаѓачот навистина и ќе ги врати средствата. Сепак досега се вратени 260 милиони долари. Напаѓачот вели дека финансиска добивка не е мотивација за нападот. Наместо ова вели дека нападот го направил од забава, но и да го укаже на безбедносниот пропуст.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] post Хакери украдоа 610 &#1… appeared first on […]