Хакери тврдат дека ги пробиле NSA, бараат 1 милион биткоини за алатките на NSA

Засега непозната група хакери наречена „The Shadow Brokers“ тврди дека ја пробиле заштитата на Агенцијата за национална безбедност на САД. Групата бара 1 милион биткоини за да објават повеќе податоци.

Хакерите не тврдат директно дека станува збор за NSA, но ги споменуваат Equation Group, колектив кој од порано се сомничи дека е дел од Агенцијата за национална безбедност. Сумата од 1 милион биткоини или 568 милиони долари, е наменета за целокупниот арсенал на алатки, но и нови фајлови.

Во објавените фајлови има скрипти за инсталација и конфигурација на сервери за управување и контрола, но и пропусти креирани за напад на рутери од американско производство.

Листата на производители ги вклучува Cisco, Juniper и Fortinet.

„Колку би платиле за сајбер оружјето на непријателот? Не за малициозниот софтвер кој го наоѓате на вашите компјутери. Двете страни RAT и LP, целосно спонзорирани алатки од држава? Ги пронајдовме сајбер алатките на креаторите на stuxnet, duqu, flame. Kaspersky ги нарекува Equation Group.“, вели групата во поканата за наддавање објавена на неколку локации.

Засега нема потврда дека документите доаѓаат од NSA, но експертите велат дека има силни индикации. Дел од имињата на алатките како „BANANAGLEE“ или „EPICBANANA“ се исти со оние кој ги сподели Едвард Сноуден, пренесува Motherboard.

„Ако станува збор за измама, тогаш креаторите навистина имаат потрошено многу време и вложено многу напор. Споделените докази изгледа дека се вистински, и станува збор за пропусти кои и би очекувале дека ќе ги користи група која таргетира комуникациска инфраструктура.“, вели безбедносниот експерт The Grugq.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
4 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] агенција за безбедност и не толку одамна беше понудена на наддавање од Shadow Brokers. Иронично и самата алатка е развиена во близина на […]

trackback

[…] (NSA). Овиe алатки претходно беа понудени на продажба за милијарда биткоини. Сепак, тогаш никој на ја понуди оваа сума, а сега […]

trackback

[…] на Националната агенција за безбедност (NSA), која неодамна беше хакирана, креираа сопствени алатки со отворен код. Софтверот и […]

trackback

[…] и Fortinet потврдија дека податоците од фајловите најавени како NSA-хак се веродостојни. Двете компании ги потврдија zero-day […]