0 коментари 1 мин. читање 14 јануари, 2016

Групни видео повици се достапни и на мобилната верзија на Skype

Skype најавува групни видеo повици за корисниците кои на сервисот му пристапуваат преку мобилни уреди. Услугата ќе биде достапна на сите платформи iOS, Android и Windows 10 Mobile. Објавувањето на новата функција коинцидира со десет годишнината на Skypе. Групните видео повици ќе им бидат достапни на сите корисници, но доколку сакате да ѕирнете малку порано како ќе изгледа ова, ќе мора да се регистрирате.

Со ова Skype ќе им се приближи на дел од сличните апликации, на пример Google Hangouts, а дел ќе ги пристигне поради бројот oд 300 милиони корисници кои ги има. Засега нема податоци за бројот на корисници од мобилни платформи кој можат да поделат видео разговор. Десктоп верзијата поддржува 10 корисници во видео разговор.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top