Германија објави апликација да им помогне на бегалците да се снајдат

во Свет

По новогодишниот инцидент и нападите врз повеќе девојки и жени, Германија се врти кон технологијата, во надеж дека ќе помогне за надминување на проблемите и полесна интеграција на бегалците. Властите се надеваат дека апликацијата „Ankommen“ ќе им помогне на азилантите за побрзо интегрирање во нивната нова држава. Апликацијата чии име во превод е „Добредојде“ треба да им помогне на имигрантите првите неколку недели во Германија. Станува збор за своевиден водич не само низ државата, туку и за правилата на однесување и законите во Германија. Дел од апликацијата е наменет токму за да им ја објасни еднаквоста меѓу половите на бегалците кои доаѓаат од различна средина.

Апликацијата која е достапна на неколку јазици: арапски, англиски, француски, германски и ирански, ќе им помогне на азилантите да научат германски, да добијат информација за начинот на кој треба да побараат азил, помош при пронаоѓање на работа, но и насоки за поедноставно прилагодување на животот во Германија. Германија има над милион регистрирани азиланти, најголем дел од Сирија и Авганистан. Во моментов е достапна Android апликација, а наскоро ќе биде завршена и iOS апликацијата, иако останува речиси неверојатно дека бегалците доаѓаат со iPhone.

welcome

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk