Groupchat.tv овозможува групен видео чет на Facebook

Доколку имате Google+ профил сигурно знаете дека оваа друштвена мрежа ви овозможува групен видео чет со вашите пријатели преку опцијата Hangouts. Оваа опција сега е достапна и на Facebook. Ова е посебна апликација наречена Groupchat.tv, и додека на Google+ може да разговараат максимум 10 пријатели во исто време, Groupchat.tv овозможува таа бројка да достигне 50.

Креаторите на апликацијата не препорачуваат на видео чет да бидат приклучени 50 пријатели. За да го користите Groupchat.tv најпрво мора да ја одобрите апликацијата, и врската што ќе ви биде дадена да ја споделите со вашите пријатели. Врската може да биде споделена преку Facebook чет, преку споделување на ѕид, преку Facebook порака, или преку имејл. Пред да можете да разговарате со вашите пријатели, и тие исто така треба најпрво да ја одобрат апликацијата. Колку за информација, кога започнувате групен видео чет, Groupchat.tv автоматски споделува порака на вашиот Facebook ѕид.

Доколку имате проблеми со активирање на апликацијата, ќе ви се појави скокачко прозорче кое ќе ви покаже како да подесите за да може да се активира Groupchat.tv. Проблем со активирањето може да се појави кај оние кои користат Mac.

Апликацијата стартуваше со работа пред неколку дена, па затоа немојте да се изненадите од обичниот изглед, како и од ситни проблеми кои можат да се јават. Пример за ова е ехото од вашиот глас кој го слушате додека разговарате со вашите пријатели. Сепак, ова е единствена опција која ви овозможува групен видео чет на Facebook, па доколку сакате да разговарате со повеќе ваши пријатели  во исто време, испробајте го Groupchat.tv.

(via >TechCrunch)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
melita
melita
14 years ago

caooo