1 коментар 2 мин. читање 7 септември, 2020

Грешка во препознавање на ликови хорор за Мајкл Оливер

Поради грешка во технологијата за препознавање на ликови полицијата во Детроит го уапси 26 годишниот афроамериканец Мајкл Оливер. Г. Оливер е уапсен во јули 2019 откако софтверот за препознавање на ликови погрешно го идентификуваше.

Полицијата го уапси под обвинување дека посегнал и одземал телефон од човек од возилото, а потоа го оштетил уредот. Освен технологијата, во овој случај г. Оливер е погрешно идентификуван и од жртвата на која и бил одземен телефонот. Од самата споредба на сликите кои може да ги погледнете на Detroit Free Press е јасно дека полицијата уапсила погрешен човек

Одбраната на г. Оливер сега се подготвува за тужба. Ова не е прв случај во кој софтверот погрешно идентификува афроамериканци кои потоа се уапсени. Претходно полицијата во Детроит погрешно го уапси Роберт Вилијамс. Софтверот за препознавање на ликови често прави грешки кога идентификува афроамериканци, пренесе Motherboard.

Уапсениот поради оваа грешка во софтверот за препознавање на ликови помина три дена во притвор, но поради ова ја загуби работата и автомобилот. Г. Оливер сега ги тужи градот Детроит и детективот кој влијаел во случајот и бара оштета од 12 милиони долари.

Како последица на двете грешки воведена е нова пракса. Случаите ќе бидат прегледувани во процесот на издавање на налог за апсење, но и пред прелиминарната истрага и кога случајот се префрла во окружен суд.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Алекс
Алекс
5 years ago

Јак хорор, сега ќе си лапне 12 милиончиња оштета 🙂

Мени
Заедница
Изглед
To top