0 коментари 5 мин. читање 24 јануари, 2025

Gravelord: бумер шутер кој ќе ве остави без здив!

Зошто да ја играте?

  •  Фанови сте на ретро-инспирирани, ултра брзи FPS игри
  •  Модерна графика и динамична музичка подлога
  • Обожавате уништување бранови од непријатели со арсенал од оружја и моќи

Kомбинирајќи носталгична забава со модерни подобрувања, Gravelord е бумер шутер кој ги следи FPS стапките на легендарните Doom и Quake. Во играта, ја преземате улогата на гробар по име Queedo – приглуп, но карпа од анти-херој кој има на располагање арсенал на оружје, тарот карти за подобрување на моќта и, подразбирливо, магична лопата.

Играта е во раниот пристап на Steam и се развива од Fatbot Games, мало инди студио од Словачка.

Плачот на лопатата

Gravelord се игра како и секој друг бумер шутер, со неколку мали разлики. Низ битките можете да користите тарот карти. Оваа механика потсетува на roguelite игрите каде секојпат кога ќе добиете левел, ќе можете да одберете една од три моќи. Тарот картите кои ви се нудат се разнолики и значително ги менуваат шансите на бојното поле.

Нашата омилена карта беше да се создаде убиствен стаорец кој ги напаѓа непријателите. Но, покрај таквата карта, ќе наидете и на можности за поголема издрживост, поефикасна регенерација на здравјето, и слично. По одредено време, ќе можете да си направите сопствен шпил кој одговара на вашиот стил на играње, создавајќи услови за уникатни преигрувања.

Нивоата се рачно изработени, со фокус на забавно и интуитивно истражување. Огромните, мистериозни пространства имаат вдомено бројни тајни и power-ups кои преколнуваат да бидат откриени. Gravelord е игра која бара брзи рефлекси. Како напредувате низ мапите така се зголемува предизвикот и бара менување тактики, прилагодување на нападите и приоретизирање на одредени непријатели.

Ни се допаѓаше црниот хумор на ликот кој, на моменти, носталгично не потсети на авантурите со Дјук Нукен. За уште поголема длабочина, ќе можете да отклучувате алтернативни напади за вашите оружја. Не е лесно да се најдат овие надградби, но, за среќа, вашата верна лопата ќе ви помогне поефикасно да се движење низ просторот. Имено, секојпат кога сакате инстантно да се трансформирате од точка А во точка Б, потребно ја да ја фрлите спектралната лопата во посакуваниот правец.

Иако играта е во рана фаза, сепак ја содржи целата прва епизода, која се состои од девет рачно изработени нивоа полни со непријатели, замки и епски битки со босови. Во меѓувреме, авторите работат на воведување уште две нови епизоди, како и серија од нови чудовишта и оружја. Паралелно со ова, развојното студио разработува и нови механики кои, со малку среќа, дополнително ќе го освежат искуството.

Како за крај, би бил огромен злочин да не ја споменеме и квалитетната музичка подлога. Хеви металот е, поради недостаток на посодветен збор – ЛУДНИЦА. Секоја од песните значително допринесува до еуфорични и адреналински битки; никако не ни здосадуваа, независно од тоа колку пати ја слушавме.

Како што сигурно забележавте од трејлерот, Gravelord се одликува со исклучително брз и динамичен гејмлеј каде скокате и пукате како да ќе нема утре. Непријателите се одлично дизајнирани, особено кога се работи за gore ефектот. Како шлаг на тортата, играта е одлично оптимизирана и преде како маче и на послабите комјутерски конфигурации.

Кога ќе се земе се во предвид, Gravelord e монументално достигнување кое значително го размрдува бумер шутер жанрот. Моментната верзија, иако кратка, е во солидна состојна и нуди незаборавни мисии низ невообичаени места, пропратени од исклучително каризматичен лик. Топла препорака за сите љубители на овој жанр!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Fatbot Games, s. r. o.
  • Издава: Fatbot Games, s. r. o.
  • Жанр: акција
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 22 јануари 2025
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top