Над 700 компјутери беа заклучени со ransomware во градската библиотека во Сент Луис, САД.
Нападот се случи на 19 јануари и онеспособи компјутери во 17 ограноци на библиотеката. Напаѓачите побараа откуп од 35.000 американски долари, но библиотеката одби да ги исплати овие средства, јави Digital Trends. Библиотеката го повика и Федералносто истражно биро за да ги пронајде напаѓачите.
Благодарение на вниманието на ИТ-одделот на библиотеката, по четири дена операциите беа вратени во нормала. Наместо да ја исплати сумата која ја барале напаѓачите, библиотеката целосно ги избриша податоците од 700 компјутери и потоа ги замени со бекап податоците.
Системот е вратен во нормала за само неколку дена, а веќе на 20 јануари функционираа основните системи на библиотеката. Напаѓачот добил пристап до системот преку фишинг измама. Потоа преку овие податоци успеале да инсталираат ransomware. Личните и финансиските податоци на покровителите на библиотиката, се чуваат на друга мрежа и воопшто не беа во опасност од овој напад.
Ransomware нападите се можеби најголема опасност за дел од корисниците. Универзитети, болници, па дури и јавен транспорт беа цел на ransomware напади. Најчесто нападнатите имаат поголема штета, па го исплаќаат откупот. Сепак поради одличната пракса на библиотеката во Сент Луис, го надминаа овој проблем речиси безболно.