Граѓанско новинарство ОНЛАЈН

Avatar img-thumbnail img-circle

во Статии

Тука започнува и нашава сторија за ШТО е Граѓанско Новинарство?

Според Wikipedia граѓанско новинарство е идеја позади која не-новинарите ги користат алатките на модерната технологија и глобалната комуникација за креирање, аргументирање и проверка на приказните од медиумите како и споделување на истите. И двата цитати посочуваат на денешново модерно време, односно посочуваат на
интернетот – алатката која не само што го повржува светот туку и ве инволвира во светот. Кога се вели „илјадници видеа направени од обичните луѓе“ се покажува дека ова е нешто што им е важно на луѓето, но покажува и дека е лесно и достапно. Сега секој може да се до-информира или да додаде нешто во приказната.

Интернетот едноставно го овозможи граѓанското новинарство. Трошоците се минимизирани, потребен е компјутер, мобилен/камера и интернет конекција, за разлика од традиционалните медиуми каде се потребни цели студиа, екипи итн… А како светот да ја дознае вашата вест?

Toa се алатките кои се користат за граѓанското новинарство. Тоа се и алатките кои традиционалните медиуми ги користат за да си го модернизираат своето новинарство. Тоа се алатките кои го создаваат новиот медиум.

Со започнување на пласирање на вестите на интернетот и мобилните телефони, започна и стравувањето дека онлајн вестите ќе ги сопрат пресите во печатниците, ќе се фрлат телевизорите. Ќе се случи онлајн „револуција“.

Традиционалниот начин на пласирање на вестите, без врска колку и да беа „нашминкани“, дизајнирани и исполнети, не беа доволно брзи со доволно информации како вестите кои ги понуди интернетот – брзи вести, брзи информации со многу упдејтирање во „реално“ време. Вестите станаа безвременски, не се чекаше 7 часот за да публиката се стационира пред телевизорот да се види што се случило денес.

Associated Press во Јуни објави истражување колку и како младата публика од 20 – 35 ги конзумира вестите. Заклучоците се следниве:

  • Наслови и надополнувањата се најчесто конзумирани
  • „мулти-таскинг“ вести, што значи вестите се читаат/слушаат додека се прави нешто друго, се вози, јаде, проверување е-маил…
  • читателите сакаат подлабоки вести, со приказни и информации
  • вестите се повторуваат и стануваат досадни
  • вестите се читаат од повеќе платформи: блогови, РСС, видео, друштвени мрежи, мобилни телефони итн.
  • вестите се проверуваат секојдневно
  • читателите си ги надополнуваат вестите самите
  • вестите се читаат за опуштање или кога им е досадно на читателите
  • смешни/ иронични вести се најгледани и се сваќаат озбилно ( Onion.com, Jon Stewart )
  • занимливости и спорт се најчитани категории од вестите, без врска на нивниот формат.

Сепак, традиционалните медиуми успеаја да се снајдат брзо, успеаја да создадат онлајн варијанти. Но, стравот и паранојата беше погрешно насочен – се соочија со публиката.

Публиката се вмеша. Коментари, блогови, форуми, фотографија, видео записи, споделување на факти и информации почна да ги истиснува големите медиуми. Информациите кои луѓето ги бараат не ги добиваат од традиционалните медиуми. Беа потребни нов модел на вести, некој што ќе ги задоволи потребите од новата модерна публика. Омилен новинар во САД е Jon Stewart. Нов формат на вести сеуште не е адаптиран во големите медиуми. Шаблонот на вестите – најава, изјава, дообјаснување, изјава од експерт, мислење, што ќе следува – стана досаден. Посебно експертските мислења. Термините „монтирани“ вести и „платени“ новинари покажуваат дека се губи довербата во традиционалните медиуми.

Беа потребни човечки приказни. Беше потребна вистината.

Како, кога, каде, зошто граѓанско новинарство?

Почетоците на граѓанското новинарство онлајн се на две различни и одалечени места, но симултани и стимулирани од неправдата на големите медиуми водени од владите.

Во 1999 активисти во Сиетл, САД, протестираа против Светската Трговска Организација, со цел да бидат приметени од медиумите и да ја пренесат пораката. Тие беа прикажани само 60 секунди на телевизија без притоа да се каже зошто протестираат. Револтирани од тоа го започнаа Independent Media Center, мрежа од независни медиуми кои споделуват вести.

Во 2001, во Јужна Кореа под мотото „Секој граѓанин е репортер“ започна OhmyNews, сајт каде што 40 уредници пишуваат само 30% од веста и оставаат на луѓето да ја дополнат. За OhmyNews се вели дека ја смениле политичката атмосфера во Ј. Кореа. Сега OhmyNews е интернационален медиум и имаат отворено школа за гражанско новинарство и блогови.

Во 2004, ThemeParkInsider.com стана прва онлајн публикација што доби награда за новинарство, поради нивната “Accident Watch” сторија за несреќи во луна парковите, сторија која беше целосно напишана од нивните читатели.

Во екот на тие случување и развој на ИТ технологијата, неизбежни беа блоговите, подоцна и видео блоговите (влогови). Тоа допринесе секој да си го каже своето мислење, што значеше целосно да си го користи правото на слобода. А многу мислења значи и различни мислења и различни идеи, што значи и развој на демократијата и дијалектиката. Најдобар пример за ова е GlobalVoices Online мрежа на блогови од целиот свет кои информираат за случувањата од нивните земји.

Граѓанското и традиционалното новинарство

Еволуцијата на вестите беше јасна. Вестите се за и од луѓето. Затоа онлајн публикациите на традиционалните медиуми се свртија кон граѓанското новинарство.

BBC, CNN, Kirilica.com.mk, Reuters, Utrinski.com.mk и многу други се вмешаа со публиката. На своите сајтови, пример: Utrinski.com.mk, овозможија вестите да бидат коментирани и оценети, фидбек што допринесува за подобрување на квалитетот на вестите. CNN i Kirilica.com.mk имаат Ти-репортер односно IREPORTER опција, каде што луѓето доставуваат свои приказни. Associated press го објави http://www.nowpublic.com/ и спроведе истражувања кои покажаа дека моделот на вестите мора да се смени.

Бројот на блоговие кои сега се колумни во весниците е огромен. Снимка од мобилен телефон на место на настанот е постојана присутна на весите на телевизиите. Twitter допринесе за брзо информирање на компјутер или преку мобилен.

Пример за тоа е масакрот во Virginia Polytechnic Institute and State University (Virginia Tech) во Blacksburg, Virginia. Медиумите искористија снимка од мобилен телефон на студент во Вирџинија Тек
за да го прикажат стравот и реалноста на масакрот. Тресењето на раката што го држи мобилниот го прикажа хоророт и озбилноста на масакрот, наспроти илјадниците експертски мислења и критики кои подоцна го анализираа инцидентот.

Има уште примери за граѓанското новинарство кое ја прикажа реалноста. Откако Зимбабве ги избрка странските новинари, единствени информации доаѓаа од блоговите. Многу американски војници објавија видеа од животот и војната во Ирак.

Овие примери јасно покажуваат дека информациите и вистината за настаните се менуваа. Да го земеме примерот на GlobalVoicesOnline i OhmyNews: и двата медиуми ги користат блоговите за информирање, а тие блогови се пишуваат од новинари или луѓе кои работат во медиуми. Тоа јасно покажува дека тоа е склоп на традиционалниот и алтернативниот медиум.

Интернетот и новата технологија овозможија спојување на двата медиуми, создавајќи нов МОДЕРЕН медиум. Медиум кој ќе застане на страна на фактите и кој тие факти ќе ги прикаже од страна на учесниците во одредена ситуација.

Wikipediа и Knol покажаа дека искуствата и познавањето на граѓаните е огромно. Без одбележани експерти, секој може да информира и да биде експерт, со факти и аргументи и неговото мислење ќе биде ценето.

Но тука се и проблемите, нормално. Најголемиот проблем со медиумите е квантитетот. YouTube има преку илјадници видеа, WordPress има преку 100 000 постови дневно, а големите медиумски куќи преку илјадници статии кои постојано се надополнуваат. Светот се движи и за да се дојде до правата информација треба истражување што одзема време.

Во екстремни ситуации ( примерот на Вирџинија Тек) правата информација се наоѓа лесно. Но да дознаете одредена информација која не е „специјална“ ќе ви треба време да ја најдете, во тоа тражење ќе бидете бомбардирани со информации и вести… Такашто во тој свет на информации, да се пласира единствена приказна, блог или мислење е тешко.

Друг проблем е и релевантноста на овој вид на информирање. Пример: Доколку некој на блог објави виде од американскиот претседател дека има секс со неговата секретарка и тоа е снимено со мобилен, тогаш тоа ексклузивно видео ке стаса многу брзо до многу луѓе. Дали е монтирано или не? Снимките од мобилен не се многу јасни. Технологијата овозмозможува и подобри монтажи. Примерот на фотографката Алисон Џексон. Такви контраверзни информации ќе предизвикаат лавина реакции и дискусии. Може да излезат на површина додатни факти или пак да се направат додатни грешки.

Заклучок

Леснотијата на објавување и креирање на граѓанското новинарство се спротистави на комплексноста на големите медиуми. Ефтино, брзо, едноставно и најважно од се доаѓа од луѓето, фактор од кој што зависат вестите на сите медиуми. Поради тоа големите традиционални медиуми го внесоа граѓанското новинарство во креирање на вестите.

Блоговите, видеата, фотографиите, твитерот, социјалните мрежи, коментари, мислења од луѓето кои се на местата на настанот станаа еден од најрелевантните фактори за креирање на вестите. Место репортерите обичниот човек доби можност да известува за рат, несреќа или олимпијадата. И неговото мислење почна да станува важно.

Затоа, земете камера или мобилен, излезете и снимите некое мало прилогче или приказна за некој ваш омилен лик од градот или соседството. Потоа пратете го на YouTube или закачете го било каде на интернет, направите блог, пратете го по е-маил …

Така ќе придонесете на новата еволуција на медиумите. Вашето мислење ќе биде чуено, вашата приказна прераскажана и искоментриана.

Тоа е граѓанско новинарство. Секој човек е репортер. И тоа едноставно мото го опишува светот на информациите и фактите, ако вие живеете во едно општество тогаш вие и само вие ја знаете вистината за тоа општество.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments