Отсега Google Search од мобилна платформа ќе ги предупредува корисниците доколку сајтот кој се јавува во резултатите од пребарувањето не е правилно oптимизиран за паметните телефони. Наместо на резултатот кој се појавува при пребарувањето, линкот води до почетната страна на сајтот.
Во пребарувањето ваквите линкoви ќе доаѓаат со предупредување дека сајтот не е оптимизиран за паметни телефони, но ќе има можност корисникот сепак да се обиде да пристапи до страната. Покрај ова Google најавува дека доколку страната ги испраќа корисниците на почетната, наместо на линкот, ќе започнат да им испраќаат порака на сопствениците на сајтовите на Webmaster Tools во Smartphone Crawl Errors. Покрај ова Google сподели и неколку совети од кој најкорисен е девелоперите да креираат респонзивен веб дизајн кој ќе ја „сервира“ истата содржина за десктоп и smartphone корисниците.
Со оглед на тоа дека бројот на корисници кои пристапуваат на Интернет преку паметни телефони е во постојан пораст, обезбедувањето на квалитетно искуство токму за овие корисници не е изненадување. Во најголем дел од пазарите во развој како Кина, Индија и голем дел од Африка токму мобилниот интернет е креатор на се поголемата застапеност кај корисниците.









