Google со Project Loon ќе го врати интернетот во уништените предели во Порторико

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Image courtesy of Google

Ураганот Марија на крајот на септември речиси целосно го опостуши Порторико. Два технолошки гиганти, Google и Tesla ја понудија својата помош на островскиот дел од САД. Огромен дел од островот е со уништена инфраструктура. Токму тука ќе се обидат да помогнат двете компании.

Откако со Project Loon, во мај Google успеа да помогне во Перу на илјадници поплавени Перуанци, сега ќе се обиде истото да го направи и во Порторико. Компанијата ќе се обиде да со помош на балоните да ги врати телекомуникациите.

Засега дури 83% од ќелиите се нефункционални. Ова е проблем и за жителите, но и за координација на санирањето на проблемите. Поради ова, Федералната комисија за комуникација му дозволи на Google балоните од Project Loon да ги распредели на островот.

Балоните ќе помогнат за враќање на интернет комуникацијата на островот. Google ги разви балоните за покривање на руралните предели, но досега се покажуваат и одлични за покривање во случај на природни катастрофи.

Колку е голем проблемот покажува податокот кој вели дека дека само 10% од островот има електрична енергија. Проценките се дека дел од населбите ќе останат без електрична енергија уште 6 месеци.

Токму тука се понуди да помогне основачот на Tesla, Илон Маск. Тој самиот се понуди да помогне за реконструкција на електричната мрежа.

„Системот на Tesla овозможува снабдување на многу помали острови. Нема ограничување во скалабилноста, може да се направи и во Порторико.“

На ова гувернерот од Порторико одговори: „Да разговораме“.

Ова Tesla ќе го овозможи благодарение на батериите од Tesla и соларна енергија. Првите батерии веќе се на островот уште од порано кога Порторико се подготвуваше за налетот на Марија, а батериите требаа да бидат итна помош, пишува Reuters.

Досега Tesla покрива неколку острови. Пример, постројката на Хаваи 13 MW соларна фарма и складише со капацитет од 52 MWh. Овој проект за споредба ќе биде многу поголем.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments