0 коментари 2 мин. читање 7 јуни, 2012

Google повторно ќе се обиде да го купи Twitter?

Twitter реши да си го промени своето лого во пооптимистичка птичка која лета нагоре. Причината за ова е што компанијата започнува да бележи финансиски раст, а според некои извештаи до 2014-та година ќе може да генерира до една милијарда долари. Ваквите финансиски очекувања ги разбудија шпекулациите дека Google повторно ќе се обиде да го купи Twitter.

Веќе е јасно дека ваков како што е Google+ неможе да му биде конкуренција на Facebook. Сепак во иднина може да се случи ситуацијата да биде обратна. Ова може да се случи ако се оствари предвидувањето на поголем број аналитичари кои очекуваат Google повторно да се обиде да го купи Twitter.

Најголем проблем за Google е што Twitter е проценет на 8 милијарди долари. Но и покрај високата цена можно е да дојдат со понуда. Целата приказна околу купувањето на Twitter започна по изјавата на M&A (Marketing & Acquisition) тимот на Google кој изрази жалење за пропуштената можност да го купат Twitter. На ова одговорот на извор близок до Twitter бил „сè уште“.

Оваа теорија пред се е заснована на неуспехот на најголематадруштвена мрежа на берзата. Падот на акциите на Facebook може да ги натера помалите друштвени мрежи наместо на берза да ги продаваат своите компании во директни преговори. Ова важи и за Тwitter уште повеќе ако не успеат да ги остварат своите планови и со многу постабилни финансии да излезат на берза.

Најголем дел од познавачите на друштвени мрежи се согласни дека следниот голем хит ќе биде пред се наменета за паметните телефони. Ова е уште поважно имајќи во предвид дека до крајот на деценијата се проценува дека најголем дел од интернетот ќе биде мобилен.

[youtube]Fh20pdCrCAU[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top