Google им се приклучува на девелоперите кои издаваат апликации за првиот часовник на Apple. Првата апликација од Google е модифицираната Google News & Weather, која се додадава на листат од 3.500 апликации од разни издавачи со кои Apple ја започна продажбата на паметниот часовникот.
News & Weather овозможува куси извештаи од над 65.000 издавачи, која дополнително им овозможува на корисниците да ги персонализираат вестите кои ги добиваат. Така корисниците на апликацијата ќе можат да дознаат за своите интереси директно на својот зглоб, иако за поопширно известување сепак ќе мора да го земат телефонот в рака. За жал во моментов не постои можност со која корисникот ќе ја отвори статија која го заинтересирала веднаш на својот телефон, туку ќе мора да ја зачува и да ја испрати до Safari каде подоцна може да ја отвори. Апликацијата ги известува корисниците и за временските прилики, иако во случај на алармантна промена на полошо, барем во моментов нема можност за испраќање на предупредување.