Google Drive ќе биде складиште во облакот преку кое ќе може да се синхронизираат фајлови од разни уреди. Според Wall Street Journal, оваа платформа ќе стартува наскоро, може дури и во наредниве недели.
Весникот се повикува на анонимни извори кои објаснуваат дека преку Drive ќе може да се складираат фотографии, документи и видеа кои ќе можат да бидат споделени со други корисници. Aко корисникот сака да прати по имејл видео или слика од паметен телефон, ќе може да го закачи на Drive преку мобилна апликација и да го прати линкот за симнување.
Drive ќе биде бесплатен сервис за повеќето корисници и бизниси. Но, за повеќе простор ќе треба да се плати, пример 5 долари за 20 гигабајти.
Со овој сервис Google ќе се обиде да му конкурира на Apple iCloud, Microsoft SkyDrive и на помалата компанија Dropbox која е вистински хит во ИТ светот со над 45 милиони корисници кои споделуваат милијарда фајлови неделно.
Ima i MS SkyDrive ? …. pojma nemav :D
"Со овој сервис Google ќе се обиде да му конкурира на Apple iCloud, и на помалата компанија Dropbox…"
MS SkyDrive го заборавивте?
Додадено, tnx. :)