Нова метода создадена од тимот на Google Research ќе им помогне на корисниците да заштедат интернет сообраќај. Ова се однесува на сликите кои со помош на вештачката интелигенција може значително да се намалат.
RAISR: Rapid and Accurate Image Super Resolution е решение кое со помош на вештачката интелигенција може да се рекреираат фотографии со висока резолуција од слики со ниска резолуција. Ова овозможува подобри резултати од сегашните методи. Како и досега технологијата работи на зголемување на сликите со помала резолуција. Досегашната техника креира слики кои се заматени.
Она што се разликува овој пат е што со RAISR може со помош на вештачка интелигенција да го одбере најдобриот филтер со кој ќе се изоштри фотографијата. Ова не само што овозможува побрзо вчитување туку и подобар квалитет на сликата.
Како и останатата вештачка интелигенција и на RAISR му треба тренинг. Ова е направено со споредување на слика со ниска и слика со висока резолуција. RAISR научи да ја прилагоди едната на другата и сега може да ги избере најдобрите филтри за да го направи тоа.
Google оваа техника од ноември ја користи на Google+, но во периодот кој следи компанијата ќе започне поширока примена.