Последните 3 години Google потроши над 30 милијарди долари на подoбрување и креирање на нова интернет инфраструктира. Компанијата не запира и за подобра услуга ќе продолжат со развојот. Компанијата објави дека ќе додадат 3 нови подводни кабли со кој облакот на Google ќе биде достапен во пет нови региони.
Најпрво, во првите три месеци на 2018 година доаѓаат Холандија и Монтреал. Потоа ќе следат Лос Анџелес, Финска, Хонгонг, за во 2019 година да започне планирањето на новите кабли.
Со подводни кабли ќе бидат поврзани Чиле со Лос Анџелес; САД со Данска и Ирска и Хонг Конг со Гвам. Кабелот од Чиле до Лос Анџелес во чест на Марија Кири ќе го носи името на Кири.
„Со поставувањето на приватен подводен кабел ќе бидеме прва голема компанија која не е телеком оператор и поседува подводен интерконтинентален кабел“, велат од Google.
Инфраструктурата на Google веќе е една од најкористените во светот. Според некои пресметки, инфраструктурата се користи за 25% светскиот интернет сообраќај, вели Google.
Ова е подготовка на Google за иднината. Компанијата проценува дека со оваа мрежа ќе бидат подготвени за идните потреби на корисниците и компаниите. Оваа мрежа ќе овозможи да бидат испорачани сервиси како: машинско учење; „Spanner“, „BigQuery“ и куп сервиси од Google.








