Google најави нова алатка која преку препознавањето на неавтентични слики ќе помогне во борбата со лажни вести. Од компанијата се надеваат дека алатката ќе помогне да се пронајдат и сликите кои се креирани со помош на вештачка интелигенција.
Различните слики и видео содржини кои се споделуваат на друштвените мрежи често можат да бидат дополнителен извор на дезинформации. Ова се дел од причините поради која Google се реши да го олесни пронаоѓањето на слики и илустрации кои не се автентични.
Алатката нема да ги отстранува сликите. Наместо ова, ќе се обиде да додаде контекст на илустрациите. На пример, дел од дезинформациите на друштвените мрежи се шират како слики кои не се соодветни на настаните кои се пренесуваат без никаков дополнителен контекст. Новите алатки ќе овозможат дополнителни податоци како историја на сликата, мета податоци, и поширок контекст на податоци кои веќе биле користени во минатото.
Функционалноста „За сликата“ е веќе достапна на англиски јазик
Google ја наjaви оваа функционалност во мај, а сега по неколку месеци е достапна. Еве дел од функционалностите што ги овозможува новата алатка.
Историјат на слика – корисниците ќе можат да погледнат кога сликата или слични слики се прв пат забележани на Google Search. Ова ќе помогне да се даде дополнителен контекст на сликата во однос на некој настан. Со самото тоа корисникот ќе знае дали сликата е дополнување на текстот или се користи само како илустрација.
Како други корисници ја опишале сликата – Ако сликата била користена на други страници корисниците ќе можат да видат како била користена, и кои се коментарите.
Мета податоци – Ако се достапни корисниците ќе можат да ги прегледаат и мета податоците. Ова ќе помогне и да се дознае дали сликата е генерирана или уредена со помош на вештачка интелигенција. Google напомена дека сите слики кои ќе ги генерира нивната вештачка интелигенција ќе доаѓаат со овој мета податок.
Како што веќе напоменавме функционалноста е веќе достапна на англиската верзија на пребарувачот. „About this image“ е скриена во резултатите од пребарувањата слики. Корисникот може да ги пронајде во трите-точки во менито. Дополнително надвор од пребарувањето слики, функционалноста може да се пронајде во „more about this page“, иако е скриена, и не е лесно да се пронајде.

Алатки за новинарите и за проверувачите на факти
Fact Check Explorer е нова функционалност наменета за новинарите и проверувачите на факти. Ќе им овозможи на корисниците лесно да пронајдат податоци за сликите кои веќе се проверени од независни организации од целиот свет.
Функционалноста е во бета од јуни 2023 година, а сега е и официјално достапна. Сѐ што треба да се направи е да се качи сликата или да се ископира URL до неа и ќе ги добиеме сите податоци достапни дотогаш.

„Откако ја лансиравме оваа верзија 70% од бета корисниците јавија дека новата функционалност им помогнала да го намалат времето кое го поминуваат во истражување на слики, што им помогнало да пронајдат факти за сликите побрзо“.
Заедно со излегувањето од бета ќе биде достапно и FaceCheck Claim Search API. API-то ќе овозможи интеграција на функционалноста директно во алатките на проверувачите на факти.







