0 коментари 1 мин. читање

Google и Levi’s создадоа паметна јакна

Соработката на Google и Levi’s ја донесе првата паметна тексас јакна – Jacquard. Двете компании соработуваа и создадоа облека која може да управува и презентира основни податоци со наједноставни команди. Јакната го имаше своето деби на SXSW настанот, во Остин, Тексас.

https://www.youtube.com/watch?v=yJ-lcdMfziw

Изработката на јакната секако е во рацете на Levi’s, она што е во рацете на Google е создавање на текстилот, кој наликува и е обичен текстил, но е спроводлив. Ова овозможува вметнување на електроника директно во парчињата облека. Дополнително компонентите се намалуваат да можат да бидат сместени во копчињата. Подоцна сè ова ќе биде уште помало и ќе може да биде вткаено без да биде забележливо, јавува Google.

Командите на јакната се едноставни. Jacquard се впарува со паметен телефон преку Bluetooth. Потоа овозможува контрола и управување на телефонот. Така провлекување преку манжетните го кажува времето; провлекувањето на другата страна го кажува времето до одбраната локација; двоен допир врз манжетната ја вклучува или ја исклучува музиката. Ова се засега единствените достапни команди.

Цената на Jacquard е далеку од достапна, па 350 долари изгледа дека е премногу. Јакната во моментов е во бета (колку чудно и да звучи ова за облека), а се очекува да биде достапна во продажба до крајот на 2017 година.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top