Google повторно ќе „ја чисти својата куќа“, а овојпат на листата на производи кои ќе исчезнат е Google Reader, алатка која многумина од нас ја користеа за следење на вести од различни извори.
Google Reader за првпат беше пуштен во употреба во веќе далечната 2005 година како агрегатори на вести, односно сервис преку кој корисниците ќе може да ги следат вестите од своите омилени портали. Сепак иако е навистина корисна алатка, сепак Google одлучи дека повеќе немаат потреба од него и сакаат да се фокусираат на идните производи кои ќе привлечат многу поголемо внимание.
За корисниците кои сакаат да ја повлечат својата база со извори и луѓе што ги следат, тоа ќе може да го сторат со Google Takeout, а како алтернатива на корисниците им е достапна Feedly кои веќе почнаа и да ги повикуваат Google Reader корисниците да се приклучат кај нив.
Покрај Google Reader, од компанијата ќе стават крај уште на неколку од API-јата за календарот, за пребарување на Shopping, гласовната апликација за Blackberry, Google Builder Maker и Google Cloud Connect.








Се шекнале овие од гугл, google reader е одличен RSS читач.