{mosimage}Денеска корисниците на google.com во САД можеа да забележат дека нешто е изменето на google.com откако најпрвин ќе се увереа дека нивниот прелистувач коректно ја вчитува страната и дека не се работи за грешка (ова беше мојата првична реакција), туку дека всушност црната позадина (која обично е бела) симболизира гасење на светлата како гест за ширенје на пораката за штедење на енергија и поддржхување на иницијативата Earth Hour.
Earth Hour иницијативата всушност ги повикува луѓето во 20 часот да ги исклучат своите светла со цел да покажат дека им е грижа за светот и дека би сакале да се вклучат во борбата против климатските промени. Настанот Earth Hour е поддржан и инициран од World Wildlife Fund и започна во 2007 во Австралија, и само за една година голем број на индивидуални лица, фирми, владини институции и разни други организации им се придружија.
Иаку малку закаснивме и не го објавивме настанот пред 20:00 за да ја распространиме оваа порака, сепак доколку сте загрижени за планетата на која сите ние живееме (а треба да сте), вклучете се во иницијативата која ве повикува да го оптимизирате Вашиот компјутер да користи помалку електрична енергија.
Не учествувањето во Earth Hour иницијативата во 20:00 часот не треба да Ви биде оправдување и да чекате до наредната година да ги изгасите сијалиците или уредите за да придонесете… сторете го тоа секогаш кога имате прилика или кога една сијалица или уред кој користи електрична енергија не ви е потребен… Еден човек може да смени нешто!
{mosimage}






