Google го стартува Project Ara, или „направи-си-сам“ телефон

во Хардвер

Project Ara е нова иницијатива на Motorola, во сопственост на Google, чија цел е да „направи со хардверот тоа што Android го направи со софтверот“. Идејата е да се креира екосистем на телефони кои ќе имаат само ендоскелетон, односно рамка, а ќе бидат составени според изборот на корисникот, не на производителите. Корисникот сам ќе си избира кој дисплеј, кој процесор, колку RAM да се стави и други хардверски детали од различни производители.

Motorola соработува со Phonebloks, компанија која претходно најави сличен концепт за „направи-си-сам“ телефон кој ќе биде составен од блокови кои лесно може да се заменат. Повеќе за Project Ara ќе биде објавено во следните неколку месеци. Нема најава за првите вакви телефони, туку има пријавување за алфа скаути кои ќе помогнат да се развие заедницата.

Концептите на Motorola и Phoneblocks се одлична идеја за да се намали е-отпадот. Не мора да фрлите постар телефон со добра камера и лош процесор, туку само заменете си го процесорот. Но, сепак е тешко да се замисли ваквите телефони да бидат масовно популарни бидејќи не секој е експерт за хардвер како што покажува искуството од PC индустријата дека сè уште се купуваат цели склопени компјутери, не само делови.

[youtube]oDAw7vW7H0c[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments