Доаѓа за 400 долари и нема да може да најдете подобар телефон до 500 долари, но Pixel 3A и Pixel 3A XL се подобри и од многу поскапи телефони. Она што е интересно е дека ова е првиот телефон од Google кој барем по цената може да се смести во средна класа. Претходните Pixel телефони беа значително поскапи, и со цените беа блиску до iPhone и Samsung Galaxy S.
Новиот уред доаѓа за релативно ниска цена од 400 долари, а она што го издвојува од конкуренцијата е извонредната камера. Телефонот е толку добар што New York Times го спореди со Pixel 3 кој чини два пати повеќе. Но, New York Times не е единствениот медиум со препорака и фалби за Pixel 3A. „Ако планирате да потрошите помеѓу 300 и 500 долари на телефон, Pixel 3A или Pixel 3A XL се телефоните за вас. Не само што се најдобри во својот ценовен ранг, туку со камерата може да се натпреваруваат со далеку поскапи уреди“, вели Verge.
Камерата е толку добра што сликите може да се споредат со фотографиите од Pixel3, кој беше прогласен за еден од телефоните со најдобра камера, а долго време беше и на самиот врв на оваа листа.
Секако не смееме да ја заборавиме најголемата предност на Pixel телефоните: софтверот и неговата надградба. Уредот доаѓа со непроменета верзија на Android оперативниот систем, а Google се најажурни кога надградбите на софтверот се во прашање. Веројатно најважно е што Google верува дека на овој телефон ќе испорачува надградба на софтверот и безбедносни закрпи во следните три години.
Голем дел од производителите го подобрија софтверот кои го инсталираат на своите уреди, сепак има причина зошто се наречени „bloathware“ и најчесто не се надградба на оригиналните апликации, ниту корисниците премногу ги користат.
Спецификации
Што се однесува до хардверот Pixel 3A и 3A XL доаѓаат со следните спецификации: 5,6-инчен 2200 х 1080, односно 6 инчен 2160 х 1080 дисплеј; 64 GB флеш диск, 4 GB RAM. Двата телефони доаѓаат со Snapdragon 670 (2.0GHz + 1,7GHz) со Adreno 615 графички процесор.
Главната камера е 12MP со оптичка и електронска стабилизација на сликата и f /1.8. Предната е веќе стандардна 8MP со f/2.0.
Секако процесорот е побавен и ова се забележува при фотографирањето. Квалитетот на сликите е ист, но обработката е подолга. Друг недостаток е екранот кај Pixel 3A, секако е полош отколку кај најдобрите уреди. Конечно најголем дел на жалбите доаѓаат поради евтината изработка и материјали кои се користени за телефонот. Поради ова телефонот делува поевтино, иако секако не е ниту за очекување дека телефон од 400 долари би можел да се натпреварува со уреди кои чинат над 1000 долари.
Иако Pixel 3 A и Pixel 3A XL доаѓаат со куп функционалности од претходните телефони не станува збор за подеднакво квалитетни уреди. Камерата е тука и на телефон од 400 долари е една од најдобрите кај сите паметни телефони.
Најголем недостаток е побавниот процесор и недостатокот на можност за проширување на 64-те GB слободен простор. Дополнително, телефонот не е отпорен на вода, но повторно станува збор за телефон од 400 долари.
Ако се надевате на некоја од следните функционалности, и ако сметате дека се клучни треба да размислите за друг, и веројатно поскап телефон:
- стерео звучници
- нема поддршка за Daydream VR
- нема простор над 64 GB
- нема поддршка за безжично полнење
- и нема модем кој поддржува најбрз Wi-Fi.
Само мало потсетување, последниот телефон кој доаѓаше со „ванила“ Android оперативен систем беше Nexus 5 и го произведуваше LG.
И тоа како има подобри и поефтини смартфони од ова погоре… А за преводот или за напишаното седи – кец.
[…] Повеќе за Pixel 3A и Pixel 3A XL може да прочитате тука. […]