Google го претстави Android Go

во Вести

Производителите на паметни телефони може да започнат да ги прилагодуваат своите уреди на „полесната верзија“ на Android. Google ја испорача Android Go верзијата до производителите на паметни телефони. Финалната верзија на оперативниот систем ќе биде готова за неколку месеци. Google го најави Android Go на Google for India.

Android Go ќе биде достапен насекаде. Oперативниот систем зафаќа 50% помалку простор од Android 7.0, а апликациите работат 15% побрзо. Оперативниот систем е наменет за телефони кои имаат помалку RAM, типично помеѓу 512 МВ и 1 GB.

Android Go е обид на Google да овозможи подобро искуство за сопствениците на поевтини уреди. Ова подразбира дека сепак, за поквалитетно искуство и производителите ќе треба да исполнат некои минимални стандарди кога хардверот е во прашање.

Заедно со оперативниот систем доаѓаат и нови верзии на неколку апликации. Така телефоните со послаб хардвер ќе имаат: Google Go, Google Maps Go, Gmail Go, YouTube Go, Google Assistant Go, Files Go, Gboard, Chrome, and Play.

Оперативниот систем и Go апликациите се наменети за најевтините уреди. Тие доаѓаат со многу послаб хардвер, па функцинирањето на апликациите не е соодветно. Поради ова, корисниците се незадоволни од оперативниот систем иако, не секогаш проблемот е кај Android.

Android Go е втор обид на Google да го надмине овој проблем. Пред неколку години компанијата се обиде да направи нешто слично со Android One. Тогаш идејата беше оваа ознака да ја добијат телефони кои исполнуваат минимални хардвер стандарди

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments