1 коментар 1 мин. читање

Google ги промени правилата за користење на Android SDK за да се справи со фрагментацијата

Google (конечно?) го препозна проблемот со фрагментацијата на Android и реши да ги промени правилата за користење на Android SDK. Односно додадена е нова клаузула во истите. Новиот дел од правилата за користење е делот 3.4 од условите, а се однесува на  проблемот на фрагментацијата:

„Се согласувате дека нема да ги преземате дејствија што може да предизвикаат или да доведат до фрагментација на Android, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на дистрибуција, учество во креирањето  или промовирање на било кој софтвер за развој  изведен од Android SDK.“

Најголемиот проблем со фрагментацијата е нефункционирањето на сите апликации на старите верзии на оперативниот систем. Дел од вината за ситуацијата е и на страна на проозводителите на телефони кои, сè уште издаваат телефони со Android 2.3 на пример, и кои подоцна немаат доволно хардверски перформанси за да се надоградат во понова верзија. Поради ова Android 2.3 сè уште е најприсутен Android OS со над 50 отсто застапеност.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top