4 коментари 2 мин. читање

Google ги малтретира корисниците на Opera за да се префрлат на Chrome

Kорисниците на Opera кои имаат свои блогови на Blogger, кој е во сопственост на Google, почнаа да добиваат известувања дека прелистувачот што го користат не е повеќе поддржуван од нивниот сервис. Во пораката, Google напоменуваат дека некои делови од Blogger нема да работат и дека корисниците ќе имаат проблеми.

Оваа известување прв го забележа Боб Легит, кој на својот блог пишува дека иако има Dismiss копче, тоа на секое пре-отварање на страницата пораката повторно се појавува, и тоа само доколку користите Opera. Корисниците на Firefox и Internet Explorer не добиле такво известување, барем не досега.

Тоа што ги нервира корисниците на Opera е фактот дека не може да ја отстранат пораката и со секое отварање на било која страница во уредничкиот дел на Blogger, таа се појавува. Можеби корисниците на постарите верзии на Opera имаат проблем со користењето на овој сервис, но кај корисниците на најновата верзија сѐ работи како што треба.

„Претпоставуваме дека ова е грешка и разговараме со Google да го поправи проблемот. Со повеќе од 270 милиони корисници на мобилни и десктоп продукти, мислиме дека е во сечиј интерес да го поддржува Opera прелистувачот.“, вели Opera.

Сепак Google вели дека „за веб апликациите да бидат подобри од традиционалниот софтвер, нашиот тим ги користи стие нови функционалности на модерниот прелистувач. Така, како и со многу други Google апликации, Blogger ги поддржува најновите верзии на Firefox, Safari и Chrome, како и двете верзии на Internet Explorer.“

Сепак постои решение како да се справите со досадниoт Google:

  • Десен клик врз пораката;
  • Од менито изберете Edit Site Preferences;
  • Отворете го Network јазичето;
  • Од менито за Browser identification изберете Firefox или Internet Explorer.
Напишано од

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top