Google Fast Flip: Посликовитo читање на вести

во Веб

{mosimage} Еден проблем со читањето вести онлајн е што прелистувањето може да биде многу споро, пишува Google на својот блoг најавувајќи го Fast Flip проектот кој овозможува прелистување на страните на весницитe.

Google Fast Flip е доста интересен начин за пребарување вести бидејќи ви дава целосен преглед на страната. Не мора да кликатe и да отварате линкови, туку само ги прегледувате вестите. А прегледувањето е брзо, навистина брзо.

Подолу е слика од пребарувањето на Fast Flip на кој се гледаат сите страни од весници поврзани со „Маcedonia" . Google се уште работи на овој сервис во своjaтa лабораторија па се покриени само одредени медиуми и текстови. Откако ќе пребарате термин т.е. вест, ќе добиете сликовит преглед на сите текстови кои се поврзани со терминот, како да прегледувате весници пред трафика.

{mosimage}

Тоа што е одлично со овој сервис е брзото прелистување на тие страни по што можете да ги разгледате подетално пред да кликнете на нив и да отидете на оригиналниот извор, што е многу, многу… подобро од сегашниве Google News.

Google во својот блог пост пишува дека приходот од онлајн рекламите, кои се појавуваат на страна на листаните вести, ќе го дели со медиумите кои ќе ја обезбедуваат. Ова е уште еден чекор на Google кон зближување кон медиумите, од кои дел од нив го критикуваат гигантот дека „е паразит и пијавица за содржина“, според зборовите на шефот на Wall Street Journal, Роберт Томсон.

Подолу е видеото од презентацијата на Fast Flip на TechCrunch50 конференцијата на кое можете да видите повеќе за Fast Flip, како и да ја видите мобилната верзија.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments