Google експеримент со кој би платиле за да посетите сајт, наместо да гледате реклами

0 коментари 1 мин. читање

Google објави нов експериментален проект со кој ќе им понуди на корисниците наместо да гледаат реклами на сајтовите, да платат за посетувањето на сајтовите. Проектот под име Contributor ќе ги замени рекламите со претплати помеѓу 1 и 3 долари зависно од желбата на корисникот.

„Денес Интернет е главно финансиран од рекламите. Но што доколку постои начин на кој директно може да ги поддржите луѓето кои ги креираат сајтовите кои секојдневно ги посетувате?“

Засега во проектот учествуваат помал број на сајтови помеѓу кои: WikiHow, Mashable, Imgur, ScienceDaily, the Onion и Urban Dictionary. Средствата ќе бидат поделени помеѓу Google и сајтовите, а во замена за донациите и во зависност од висината на донацијата корисникот ќе добие признание за поддршката на сајтот. На местото на рекламите кај претплатниците ќе се појави „пиксел шара“ или порака за благодарност.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top